Кошарка
Брајант:„Доколку кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување, време е за нов почеток“
Коби Брајант започнува нова кариера каде верува дека ќе биде еднакво добар а можеби и подобар во новата област.
„Доколку кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување“, рекол Брајант.
„Целта е едноставна, сакам наредните 20 години да бидат подобри од претходните 20. Тоа е она што ме движи. Предизвик ќе ми биде да заборавам сѐ што било и да се фокусирам на иднината, а тоа нема да биде лесно. Кариера долга 20 години. Она што го оставив зад себе. Лесно е да се потпирате на такви работи. Тешко е тоа да се остави зад себе и да се фокусирате на изградба на студио, на изградба на нов бренд. Да се движите напред, тоа е најголемиот предизвик“, рекол освојувачот на пет шампионски титули со ЛА Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на НБА-лигата