Connect with us

Ракомет

Браво Тафо, оние што ги навредуваат Албанците не заслужуваат да бидат викани по име тие претставуваат само број

По скандалот на новинарот на МТВ 2 кој за време на преносот Стојанче Стоилов го нарече „играчот со бројот 5“ и други албански новинари се солидаризираат против македонскиот ракометар.

-Почит и максимална поддршка за колегата Мустафа Адеми, кој докажа висок професионализам и почит кон нашите гледачи, не споменувајќи го името на ракометарот со бројот 5 на македонската репрезентација, кој себеси си даде правото да го игнорира и потчинува албанскиот јазик и со тоа и Албанците на една спортска активност.

И изненадувачки, во некои медиуми на македонски јазик, наместо да се критикува неспортскиот и националистичкиот гест на антиалбанскиот ракометар, кој од тој ден не само за колегата Адеми, туку и за мене претставува само број, тие бараат да се преземат мерки против колегата Адеми, стои во статусот на Наим Синани.