Connect with us

Фудбал

Браво за Селта, одби тестирање на КОВИД-19: Има поважни луѓе од нас

Раководството на шпанската Ла Лига минатата недела понуди околу 500 тестови на клубовите, а приоритет се оние кои патувале во ризичните земји и кои знаат дека веќе имаат заразени фудбалери.

Но, Селта синоќ, како и Ваљадолид ден претходно, објави дека нема потреба нејзините играчи да бидат тестирани, бидејќи се уште немаат симптоми. Немаат намера да го користат тој материјал и да го потрошат во време кога има луѓе на кои тоа им е повеќе потребно.

-Раководството на лигата ни понуди тестови, но не ги земавме поради медицински и социолошки причини. Ниту еден играч нема симптоми. Веруваме дека постојат луѓе кои имаат поголема потреба за тестирање од нас, изјави портпаролот на клубот Давид Еспинар.