Connect with us

Фудбал

Бразилскиот судија поништи два гола на Уругвај, ќе се играат продолженија


Уругвај и Перу ќе играат дополнителни 30 минути за да се одреди противникот на Чиле во полуфиналето од Копа Америка. Уругвајците во два наврати ја затресоа мрежата на Перу, но и двата гола кои ги постигнаа Единсон Кавани, односно Луис Суарес беа поништени од страна на бразилскиот арбитар Вилтон Сампајо поради недозволена позиција.
Голгетерот на ПСЖ во 60-тата минута постигна нерегуларен гол, додека ѕвездата на Барселона го стори истото во 75-тата минута, а славењето и во двата случаи беше залудно.

.

Извор: Sportmanija.mk