Connect with us

SPORTM.mk

Бреша на слатки маки, неколку „гиганти“ заинтересирани за новиот Пирло

Според италијанските медиуми, синоќешниот дуел помеѓу Бреша и Јувентус го гледале голем број на скаути, но и спортски директори. Преставници на стадионот „Марио Ригамонти“ имале Јувентус, Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед, Милан, Интер и Фиорентина.

Причината е 19-годишниот играч за врска Сандро Тонали кого во Италија уште го нарекуваат новиот Андреа Пирло.

Тонали има 19 години, тој е стандарден првотимец на младите селекции на Италија, а за Бреша собра 60-тина натпревари на кои постигна 5 голови. Според италијанските медиуми неговата цена во моментов е 30 милиони евра. Останува да се види колку уште долго ќе успее Бреша да издржи од налетот на големите клубови.