Connect with us

Ракомет

Брестовац го објави поширокиот список на сениорите за квалификациските натпревари

Скопје, 26 октомври 2020 (МИА) – Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список на 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за ЕП 2022.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 04 ноември, среда против репрезентацијата на Финска.

Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра три дена подоцна во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот.