Connect with us

Ракомет

Брестовац го објави списокот на Младинци повикани за подготовки за пријателските средби во Габрово

Селекторот на Младинската машка репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, објави список од 29 ракометари кои ги повика на собирот што ќе се одржи на 19 декември за подготовка за настап на пријателските средби со Бугарија во Габрово.

Натпреварите помеѓу Македонија и Бугарија ќе се играат на 22 и 23 декември и ќе се одиграат вкупно четири средби – по две во младинска и кадетска конкуренција. На 29-те ракометари кои Брестовац ги повика за собирот, ќе им се приклучат и Кадетите кои на 18 декември се враќаат во Скопје од меѓународниот турнир во Романија (повеќе за турнирот на Кадетите), така што низ заеднички подготовки Брестовац ќе ги одреди патниците од двете репрезентации за Габрово.

Младинската и кадетската репрезентација периодов активно се подготвуваат за настапите на ЕХФ Шампионатите. Младинската репрезентација (до 20 години) ќе настапи на ЕХФ Шампионатот во Скопје во втората половина на јули, додека Кадетите ќе играат на ЕХФ Шампионатот во Грузија.

Advertisement

ФОТО

More in Ракомет