Connect with us

Ракомет

Брестовац го објави списокот на ракометари за СП

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација на 10 јули во Струга ќе го одржи првиот собир. Со ова ќе започнат подготовкитe за настапот на Светското првенство кое ќе се игра во Скопје од 5 до 18 август.

Селекторот Данило Брестовац го објави списокот на ракометари кои ќе конкурираат за првиот тим на националниот состав на овој мундијал.

На СП нашата репрезентација ќе игра во групата Ц против селекциите на Нигерија, Аргентина, Јапонија, Данска и на Бахреин.

Извор: Дриблинг