Ракомет
Брестовац го објави списокот, со овие ракометари Македонија ќе им се спротивстави на Швајцарија и Финска
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Men’s EHF EURO 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 04.11.2020 (среда) против репрезентацијата на Финска.
Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на ден 07.11.2020 (сабота).
Директен пренос од натпреварите на МРТ 1 во среда во 20:00 часот против Финска и во сабота во 18:30 часот против Швајцарија.
