Ракомет
Брестовац: Кузмановски може да го замени Кире – Лошо пристапивме со Русија
Селекторото на македонската ракометна репрезентација вели дека во Кузмановски ја гледа замената на нашиот Лазаров.
„Сите ракометари добија шанса во Египет. Ние имаме играчи кои во иднина треба да бидат столбови. Кузмановски со своите игри покажува дека е најсериозен кандидат да го замени Кире, да потегне и да биде лидер на тимот. Од останатите вреди да се издвои Костески, кој веќе на ова првенство се докажа и прикажува добри игри. Има ракометари кои играат променливо, кај голманите и пивотмените сме во ред. Засега сметам дека сме одлично покриени.
Во однос пак на последниот натпревар против Русија, тој вели дека лошо сме пристапиле.
„Евидентно беше дека лошо влеговме и лошо изгледавме на дуелот. Кога се договоривме да го заборавиме првото полувреме, веднаш изгледаше подобро. Не ми се допадна влезот во натпреварот и тогаш Русија направи предност.
Македонија доживеа два порази на стартот од главната фаза на Мундијалот во Египет, па по Словенија и Русија, Белорусија е последна шанса за бодови во групата 4.