Connect with us

Ракомет

Брестовац: Заслуживме да загубиме со помала резултатска разлика

Македонската репрезентација денеска го одигра првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство во ракомет против репрезентацијата на Словенија. Нашата репрезентација беше поразена со 31:21.

По натпреварот Брестовац даде интервју:

„Одигравме уште еден натпревар со селекција од ТОП-10 во Европа. Игравме добро во првиот дел, но направивме многу технички грешки по паузата. Мислам дека конечниот резултат не ја отсликува разликата меѓу тимовите, заслуживме да загубиме со помала резултатска разлика. Имаше и добри и лоши моменти на овој меч, за разлика од претходно стартот ни беше одличен. Игравме со многу ротации, затоа што сакав да им дадеме шанса на сите затоа што чекаат уште две тешки средби.“ – изјави Брестовац.