Connect with us

Кошарка

Брилијантна партија на Јокиќ, но Денвер повторно поразен

Јокиќ одигра одличен меч, постигна 30 поени, со 13 скока и 12 асистенции, но тоа не беше доволно за Денвер да победи.

Денвер загуби по четврти пат во последните шест натпревари, овојпат кај Орландо – 124:119. На шампионот во НБА не му помогна ниту блескавата партија на Никола Јокиќ, кој имаше трипл-дабл учинок.

Додуша, имаше голема поддршка кај Портер со 25 поени, Гордон зграпчи десет скока со 15 поени, Џексон имаше 14, а Браун 13 поени.

И сето тоа не беше доволно за магијата на Орландо, во која Вагнер беше предводник со 27 поени, а го следеа Банкеро со 23, Ентони со 20 и Инглс со 12 поени.

Атланта одигра уште еден „престрелка“ меч, но овојпат славеше победа против Бруклин по продолжение – 147:145.

Јанг имаше 43 поени, четири скока и девет асистенции, а го следеа Хантер со 25 поени и 11 скока и Мареј со 20 поени.

Во гостинскиот тим се истакна Бриџис со 45 поени, десет скока и четири асистенции, Динвиди постигна 26 поени и 12 асистенции, Џонсон постигна 23 поени, а Клакстон постигна 22 поени.

Оклахома го совлада Чикаго со 116:102.

Сакраменто беше поразен на гостувањето кај Њу Орлеанс – 117:112. Во тој меч во победничкиот тим се истакнаа Вилијамсон со 25, Инграм со 23 и Валанчиунас со 15 поени, на другата страна подобри од останатите беа Фокс со 26, Сабонис со 23 и Барнс со 22 поени.

Клиперси остварија голема победа над Сан Антонио Спарс – 109:102. Заедно со одличното издание на Кави Ленард, кој имаше 26 поени, го следеа Џорџ со 24 и Харден со 16 поени, додека на спротивата страна се истакнаа Вембањама со 22 поени и 15 скока, Сочан со 19 поени, Васел со 18, Колинс со 16…

Лука Дончиќ флертуваше со трипл-дабл учинок, завршувајќи со 30 поени, 12 скока и осум асистенции.

Далас славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс – 104:101. Заедно со Дончиќ најзаслужен за триумфот беше Ирвинг со 28 поени, на другата страна Џејмс со 26 постигнати поени.