Connect with us

Тајмаут

Бројки од кои боли главата: Форбс ја објави листа на најплатени спортисти во светот

Угледниот магазин Форбс ја објави листата на 10 најплатени спортисти во светот во изминатата година.

Првите десет заработија вкупно нереални 992 милиони долари пред оданочување, шест отсто помалку од минатата година кога продажбата на брендот виски на Конор Мек Грегор му донесе 180 милиони долари и го стави на листата.

Ирскиот борец повеќе не е на листата на најплатени, а на врвот е никој друг туку играчот на ПСЖ, Лионел Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Аргентинскиот фудбалер имаше многу успешни 12 месеци. Заработил 130 милиони долари пред даноци, од кои 55 милиони заработил од активности надвор од фудбалот.

Меси има бројни спонзорски договори со познати компании. Тоа му донесе огромна бројка и максимално го користи своето име за да заработи огромни пари надвор од фудбалскиот терен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@lebron)

Зад Меси е Леброн Џејмс со плата од 121,2 милиони долари, од кои најголем дел заработил надвор од кошаркарскиот терен (80 милиони).

Кристијано Роналдо ја мина бројката над 100 милиони. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед минатата година зеде 115 милиони долари.

Сигурно е интересно што на листата се најде и легендарниот тенисер Роџер Федерер. Речиси не бил на теренот во изминатите 12 месеци и има заработено само 700.000 долари од повеќе од 90 милиони на теренот.

Топ 10 најплатени спортисти во изминатите 12 месеци според Форбс:

1. Лионел Меси (фудбал) – 130 милиони долари
2. Леброн Џејмс (кошарка) – 121,2 милиони долари
3. Кристијано Роналдо (фудбал) – 115 милиони
4. Нејмар (фудбал) – 95 милиони
5. Стивен Кари (кошарка) – 92,8 милиони
6. Кевин Дурент (кошарка) – 92,1 милиони
7. Роџер Федерер (тенис) – 90,7 милиони
8. Канело Алварез (бокс) – 90 милиони
9. Том Брејди (американски фудбал) – 83,9 милиони
10. Џанис Антетоконмпо (кошарка) – 80,9 милиони

Реклама

Facebook