Тајмаут
Брозовиќ, Ванда Нара и Икарди на суд поради љубовна романса
Италијанските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Интер Марсело Брозовиќ ќе се појави на суд во случај за наводна љубовна романса со сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара. Имено, фотографот Фабрицио Короне на својата веб страница објави сторија и фотографии со кои алудираше на флерт помешу Брозовиќ и Ванда Нара.
Судењето ќе се одржи на 12-ти март. Хрватот ќе го застапува Данило Бунџиорно, додека Мауро Икарди и неговата сопруга ќе ги застапува адвокатот Џузепе Ди Карло.
Таблоидите пишуваа за оваа наводна романса, која не се случила, па Брозовиќ, но и Ванда Нара и Икарди најавија судски процес против фотографот.