Connect with us

Тајмаут

Бруклин Бекам направи потег кој длабоко ги повреди Дејвид и Викторија: „Во шок сме“

Ситуацијата во семејството на Дејвид Бекам не е сјајна.

Сè стана полошо по венчавката на синот на Дејвид и Викторија, Бруклин (23), кој се ожени за четири години постарата Никол Пиц, а свадбата на Флорида чинеше речиси три милиони фунти.

По венчавката почнаа вистинските проблеми.

Дејвид и Викторија немаат добри односи со сопругата на Бруклин, а неодамна се појавија информации дека Викторија е разочарана затоа што нејзиниот најстар син се оддалечил од семејството, а таа му замерува што повеќе ја слуша својата сопруга и баба отколку неа и Дејвид.

Сега се чини дека Бруклин донел уште поригорозна одлука.

Како што пренесуваат американските медиуми, Бруклин одлучил божиќните и новогодишните празници да не ги помине со родителите, туку со својата баба.

Дејвид и Викторија предложиле и новогодишен одмор во Мајами, но Бруклин одбил и ја прифатил понудата на неговата баба за домашно дружење.

„Во шок сме, не знаеме што се случува со нашиот син“, накратко ја прокоментира целата ситуација разочараната Викторија Бекам.

Бруклин сака Никол да биде среќна и не сака да прави планови против желбите на неговата сопруга.

Британските медиуми пишуваат дека Викторија Бекам не е во добри односи со снаата и прашање е дали ќе има помирување.

Се чини дека семејството Бекам е добро потресено, а последните одлуки на младиот Бруклин би можеле да бидат последната капка.

Родителите на Бруклин на секој начин се обидуваат да создадат вистинска семејна атмосфера, но се чини дека Никол сака поинаков начин на живот, далеку од родителите на нејзиниот сопруг, кои очигледно не сакаат да застанат на страната на нејзините родители за да не ја разочараат нејзината љубов.