Кошарка
Будуќнос со рекорд дојде до првата победа во Евролига
Екипата на Будуќност со маестрална игра и фантастичен рекорд дојде до првата сезонска победа во Евролигата и тоа над составот на Басконија. Црногорскиот претставник победи со 99:84 во средба во која домаќините погодија 21 тројка од 34 обиди или поточно имаа прецизност од 61,8 проценти. Со 21-та тројка, Будуќност постави нов рекорд во ова натпреварување, односно ги надмина Барселона и Монтепаски кои досега беа на врвот со 19 погодени „проектили“.

Џексон постигна 24 поени, Кларк додаде 20, а на 18 застана Николиќ кај победничкиот тим, додека на спротивната страна Шенгелија уфрли 16 кошеви.