Кошарка
Будуќност ја изненади Барселона
Актуелниот шампион во АБА лигата, екипата на Будуќност демонстрираше извонредна игра во триумфот над Барселона со 67:64 во рамките на Евролигата. Ова е трета победа за избраниците на Александар Џикиќ изборена во драматична завршница.
Најефикасни во победничкиот тим беа Ерл Кларк и Немања Гордиќ со по 12 поени, додека на спротивната страна исто толку коша забележа Адам Ханга.
Резултати: Дарушафака – Макаби ТА 71:73, Жалгирис – Олимпијакос со 83:75, Баерн – Химки 72:65, Армани Милано – Гран Канарија 86:94.