Connect with us

Фудбал

Буфон е жива легенда, пред него во Лигата на шампионите е само еден, исто така голман

Џанлуиџи Буфон синоќа беше на голот на Јувентус на мечот против Баер Леверкузен. „Старата дама“ и претходно имаше обезбедено пласман во следната рунда како првопласирана екипа, но со головите на Роналдо и Игуаин и со победа од 2:0 го „завери“ лидерското место, па во нокаут фазата оди без пораз.

Буфон на со настапот на овој меч стана вториот најстар играч во Лигата на шампионите со 41 година и 317 денови.

Пред него е единственот Марко Балота, исто така голман, со 43 години и168 денoви. Овој рекорд тој го постави во 2007 година во дресот на Лацио.