Connect with us

Фудбал

Буфон го израмни рекордот на Малдини, две легенди на италијанскиот фудбал

Јувентус победи против Сампдорија, на голот беше Џанлуиџи Буфон, кој го израмни рекордот на Паоло Малдини со 647 мечеви во Серие А. Со оглед на тоа дека Малдини не е активен повеќе, во наредниот период голманот на Јувентус ќе стане апсолутен рекордер.
Трет на оваа листа е легендата на Рома Франческо Тоти со 619 мечеви.