Connect with us

Тајмаут

Буфон ја отвори душата и откри непознати детали од неговиот живот

Ако бараме фудбалер во 21 век за кој никогаш не би рекле дека има слаби точки тогаш тоа е Џанлуиџи Буфон, кој заработи голема почит во кариерата.
Но, тоа што го откри Буфон во последното интервју докажува дека и најсилните имаат слаби точки и дека не се совршени.

„Како дете, имав чувство дека сум неуништлив. Можев до врвот, правев тоа што го сакав. Поддржував лудило кога имав 20 години. Направив многу работи. Одбивав дрога или допинг, на 17 години знаев да кажам не“, вели Буфон.
Сепак, Буфон имал недостатоци.

„Најдалеку што заминав е кога еднаш повлеков неколку димови џоинт кога бев дете. Се сеќавам на облакот од дим, кој ги прекриваше навивачите. Но тој дим не беше од огномет или пиротехника, туку од 200 џоинта запалени во исто време“, открива Италијанецот.
Буфон се борел и со депресијата пред 15 години.

„Пред 15 години, во текот на неколку месеци многу работи почнаа да снемуваат смисла. Се чувствував како никој да не беше заинтересиран за мене. Сите прашуваа за Буфон, но никој не прашуваше за Џиџи. Но, разговорот со другите ми помогна. Искуството го споделив со другите, па ми станаа јасни некои работи“, кажа Буфон.
Иако има 40 години, Буфон се надева на уште една сезона во ПСЖ.

„Мојата идеја е да с останам уште една сезона во ПСЖ. Можеби звучи чудно, зашто имам 40 години, но уште имам големи сонови и амбиции“, открива искусниот голман.

Реклама
Реклама

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com