Буфон може да го смени Касиљас?

Португалскиот гигант Порто е заинтересиран за голманот Џанлуиџи Буфон, кој е слободен агент по напуштањето на Париз Сен Жермен.

Според „Тутоспорт“, Буфон е една од опциите за замена на Икер Касиљас, кој најверојатно ќе ја заврши својата кариера по добиеиот срцев удар пред повеќе од еден месец.

За легендарниот Буфон, исто така, заинтересирани се Парма, Аталанта, Барселона, Лацио, Џенова, Бреша и Флуминенсе.

Минатата сезона, 41-годишниот италијански голман одигра 17 натпревари во француското првенство и прими 18 гола.