Connect with us

Тајмаут

Бугарски клуб плати трансфер на фудбалер со криптовалута

Фудбалскиот клуб Спартак од Варна го направи првиот трансфер во Бугарија со криптовалута, објавија тамошните медиуми.

Станува збор за нигерискиот напаѓач Инокент Нуокоро кој повторно ќе го носи дресот на нисколигашот Спартак.

– Тој останува кај нас. Се здоби со повреда на тренингот, но брзо ќе закрепне. Другата седмица ќе го пријавиме, соопштија од клубот и дополнија дека Спартак овој трансфер го плати со криптовалута без да биде наведена сумата.