Connect with us

Тајмаут

Бунт во олимпиското село: Многу спортисти имаат замерки, Британците ги презедоа работите во свои раце

Многу спортисти се жалат на храната што се нуди во ресторанот во олимпиското село, а најгласни во критиките биле Британците .

Енди Ансон , извршен директор на Британската олимписка асоцијација, изјави за Тајмс дека храната во селото е „несоодветна“ и дека е потребно „драматично подобрување“. Некои британски натпреварувачи решија да бараат храна низ градот и да купат претходно спакувани оброци за вечера.

„Нема доволно одредени видови храна – јајца, пилешко и одредени јаглени хидрати“, рече Ансон за очигледно разочарувачките понуди во селото каде што живеат многу спортисти.

„И тука е и квалитетот на храната, на спортистите им се служи премногу сирово месо“, рече Ансон, додавајќи дека проблемот со храната е „најголем проблем во моментов“.

Британците ги носат своите готвачи

Британците ги презедоа работите во свои раце и решија да донесат дополнителни готвачи во Париз за да ги задоволат потребите на нивните врвни спортисти.

За потсетување, организаторите на Олимписките игри најавија дека дури 33 отсто од храната што ќе им биде послужена на спортистите ќе биде без месо, односно растителна.

“Нашата одговорност е да ги едуцираме луѓето кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз. Мораме да ги промениме нашите навики. Спортистите треба да ја пробаат веганската храна што ќе се служи таму бидејќи е многу вкусна”, изјавија неодамна од организацијата.

Advertisement