Connect with us

Кошарка

Бура од реакции во Словенија поради трите прста на Дончиќ! Лука ја испеа „Видовдан“ и ја запали јавноста (ВИДЕО)

Од Манила се појави видео на кое Лука Дончиќ ја пее „Видовдан“ и крева три прста, а потоа се огласија критичарите. Сега ги замолчи текст од Словенија.

„Лука Дончиќ отпеа српска песна со три прста во воздух? Да, па што? Каде е проблемот? е насловот на текстот на словенечкиот новинар Андреј Миљковиќ на веб-страницата „ekipa24.si“. Секако дека се занимава со видеото од Манила каде се гледа Дончиќ со српската репрезентација како пее „Видовдан“ и се забавува. Тоа видео предизвика многу коментари, а негативните не му се јасни на колегата од Словенија. „Не можам да го разберам, а камоли да го прифатам лудилото кое беше предизвикано во последните 24 часа од Триглав до Вардар поради видеото со Лука Дончиќ во главната улога. Да ве прашам – што е, по ѓаволите, проблемот? проблемот е во сите што видоа проблем во ова. Што ви е? Тој ја отпеа српската национална песна и крена три прста во воздух исто како што удира во тројките што сите ние толку многу ги сакаме. Да, па што? , се наведува во текстот на Андреј Миљковиќ.

Тој подвлече дека Дончиќ веќе многу пати покажал колку ја сака Словенија и дека е патетично сега да се обвинува затоа што не се откажува од друг дел од своето потекло. „Но, оние кои гледаат нешто повеќе во овој гест, како и оние кои го критикуваат, се патетично смешни. Нема да одам дотаму да спомнам дека неговото потекло е српско и дека ова е исто како да пеел за Словенија. Лука не мора никому ништо да докажува – покажа колку се чувствува припадност кон татковината повеќе од сите нас. Се дава за татковината, а се друго е глупост!“, бесно заклучува колега од Словенија. .

Advertisement