Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо направи тим кој гази на сите фронтови, срушена Рома среде „Олимпико“ (ВИДЕО)

Екипата на Баер Леверкузен направи сериозен чекор кон финалето на Лига Европа. „Фармацевтите“ ја совлада Рома со 2:0 како гостин во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима.

Флоријан Вирц ги доведе „фармацевтите“ во водство со гол во 28. минута, а конечниот резултат го оформи Роберт Андрич со прекрасен гол во вториот дел.

Така избраниците на Чаби Алонсо имаат солидно водство пред реваншот во Германија на 9 мај.

Екипите на Марсеј и Аталанта одиграа со резултат 1:1 во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима. Така, исходот останува за реваншот кој ќе се одигра на 9 мај во Бергамо.

Двата гола на натпреварот беа постигнати во првото полувреме. Во 11. минута Копмајнерс нафрли на Џанлука Скамака, а напаѓачот со удар во долниот лев агол го совлада противничкиот голман.

Во 20. минута Кондогбија го пронајде Шансел Мбема кој постигна одличен гол со удар од далечина. Топката удри и во левата странична статива пред да заврши во мрежата на италијанците.

Во вториот дел немаше голови и натпреварот заврши нерешено.