Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо во Германија, Тиаго Мота во Италија, какви само тренеришта станаа, нивните тимови пишуваат историја (ВИДЕО)

Веќе сите зборуваат за Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен кој е на добар пат да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен во Германија. Леверкузен нема ниту еден пораз сезонава, што го прави единствен тим со ваков биланс во најсилните пет лиги.

И, некако во сенка на Чаби Алонсо, во Италија со Болоња чуда прави Тиаго Мота. Уште еден млад фудбалски стратег, кој покажува дека допрва фудбалскиот свет ќе биде воодушевен. Болоња во моментов е на петото место во Серија А, со 45 бодови и доколку продолжи вака, тимот може да се надева на пласман во ЛШ, бидејќи има големи шанси.

Дека резултатите не се случајни, Болоња покажа попладнево кога среде Рим го совлада Лацио со 2:1.

Лацио дури поведе со голот на Исаксен по 18-минути игра. Израмни Ел Азузи во 39-тата, а победата на Болоња ја донесе сезонава одличниот Зиркзе со гол во 78-мата минута.

Standings provided by Sofascore