Connect with us

Фудбал

Чави Ернандес оди во пензија

Втор по Андреа Пирло, кој се повлече од зелениот терен.

Чави Ернандес изјави дека на крајот од сезоната ќе се пензионира.

„Имав среќа кариерата да ми помине без повреди, но сега мислам дека е време за крај. Катар ми овозможи да одиграм неколку помирни сезони, но веќе се чувствувам уморно и побавно заздравувам. Ова сигурно е мојата последна година како фудбалер. Сакам да добијам тренерска лиценца и да почнам со новата работа“, изјави 37-годишниот Ернандес, кој ја напушти Барселона пред две години и се пресели во Ал Сад.

Одигра 17 сезони во дресот на Барселона, со Каталонците освои сѐ што можеше да се освои, вклучувајќи четири титули во Лигата на шампионите, а беше дел и од најуспешната генерација на репрезентацијата на Шпанија, која беше двократен европски и еднаш светски првак.