Фудбал
Чави ги шокираше фановите: Заминувам!
Барселона вечерва доживеа убедлив пораз на домашен терен од 5:3 од Виљареал, а веднаш по мечот следуваше уште еден шок. Тренерот и легендата на тимот Чави најави заминување по крајот на сезоната.
„Во јуни ќе ја напуштам Барселона. Дојдовме до точката од која нема враќање и време е за промена. Како голем навивач на овој клуб, време е да го напуштам тимот“, изјави Чави и додаде:
„Ќе разговарам со управата на клубот, но донесов одлука и ќе го напуштам клубот на 30 јуни. На клубот му треба промена. Заминувањето од Барса е најдобрата одлука за клубот и за сите страни. Јас сум најмногу одговорна личност па играчите конечно ќе се чувствуваат слободни“.