Connect with us

Фудбал

Чави: Гвардиола ме предупреди!

Тренерот на Барселона, како што е познато, во јуни заминува од кормилото. Легендарниот Чави вели дека знаел уште минатото лето дека ќе замине. Вели, одлуката е најдобра и за него и за клубот. Сепак, порача дека за некои работи го предупредил и Пеп Гвардиола, порачувајќи дека во Барселона нема простување, без разлика дали си легенда или не на клубот.

-Пеп ме предупреди за ова, ми кажа како одат работите во Барса. Тоа го имам зборувано и со Ернесто Валверде, а сите знаеме дека страдаше и Луис Енрике. Имаме проблем во опкружувањето, се создава неверојатен притисок и не се ужива во секојдневната работа, изјави Чави