Connect with us

Фудбал

Чави: Му се восхитувам на Анчелоти и на неколку играчи на Реал, не кријам

Тренерот на Барселона , Чави Ернандез изјави дека поранешниот тренер на Реал Мадрид , Жозе Мурињо го нарушил имиџот на Ел Класико . Вечерва ќе гледаме уште едно издание на оваа голема игра, овој пат во финалето на шпанскиот Суперкуп.

„Периодот на Мурињо во Ел Класико никому не му донесе ништо, не создаде добар имиџ за ниту еден клуб. Мораме да бидеме благородни.

Имам добри односи со Анчелоти, често сме комуницирале. Дури и му врачив награда кога работев како амбасадор на Aspire Academy во Катар. Тој е необична личност и вистински џентлмен на светот на фудбалот.

Треба да разберете како треба да се однесувате, да не заборавите дека нашите клубови се ривали само во спортот. Му се восхитувам на тренерот и на неколку играчи на Реал и тоа не треба да го кријам“ , изјави легендата на Каталонците, цитирана од „Мундо Депортиво“.