Connect with us

Фудбал

Чави пресуди: Сакам Суперкуп во Барселона!

Тренерот на Барселона Чави ги сподели своите очекувања за финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.

„ Мораме да победиме во ова финале. Кога бев играч ја чувствував истата возбуда како сега, бидејќи ние сме Барселона и тоа никогаш нема да се промени. Реал Мадрид е силен тим и има психолошка предност бидејќи има поголемо искуство во финалињата. Мора да ја покажеме нашата амбиција и желба и конечно да го освоиме трофејот “, изјави Чави за прес-службата на клубот.

Финалето на шпанскиот Суперкуп помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра денеска, 15 јануари. Средбата започнува во 21 часот.