Фудбал
Чеферин: Се уште е рано да се користи ВАР на Светското првенство
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин се спротивстави на употребата на видео асистентот на арбитерот (VAR) на натпреварите од Светското првенство 2018.
Според него, системот се уште не е подготвен за употреба на Мундијалот во Русија, и покрај тестирањето на голем број турнири и првенства.
Прерано е да се воведе ВАР технологијата на Светското првенство. Разбирам дека овој систем ќе се воведе порано или подоцна, но останувам малку конзервативен во ова прашање. Судијата мора да остане судија, а не да биде робот, изјави првиот човек на Европската фудбалска федерација.