Connect with us

Кошарка

Челниците на НБА: Лејкерси оштетени против Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс (101:99) во вториот меч од плејоф серијата со кошот на Џамал ​​Мареј со звукот на сирената. Сепак, натпреварот не помина без драма. Гостите се жалеа на судењето на овој меч, а сега од НБА потврдија дека Леброн и тимот се оштетени.

Судиите направија две големи грешки кои се одразија на крајниот исход на натпреварот, велат челниците на НБА.

Дополнителните анализи утврдија дека Лејкерси ја загубија можноста за нов напад кога на Никола Јокиќ не му се судеа три секунди во одбранбениот рекет, додека вториот голем пропуст беше несудениот фаул над Леброн на крајот, кога беше сопрен од Кентавиус Колдвел-Поуп.