Фудбал
Челзи го грабна бразилскиот тинејџер од Барселона за 15 милиони евра
Челзи и официјално го потврди трансферот на Анхел Габриел, 18-годишниот крилен напаѓач на Сантос и младинската селекција на Бразил. За услугите на Бразилецот беше заинтересирана и Барселона, но на крајот тој дојде во Лондон. Со клубот на Пеле, Челзи, се договори за обештетување во висина од 15 милиони евра.
Сепак, младиот Бразилец не би требало толку брзо да игра на Стемфорд Бриџ бидејќи во Лондон имаат посебен план за развој за него. Имено, по потписот за Челзи, тој треба да замине на позајмица во францускиот прволигаш Стразбур, кој од неодамна е во сопственост и на сопственикот на Челзи, американскиот магнат Тод Боли.
Official, confirmed. Chelsea sign 2004 born talented winger Ângelo Gabriel on permanent deal from Santos. 🔵🇧🇷
◉ €15m fee to the Brazilian club.
◉ Long term deal signed earlier this week.
◉ Ângelo will travel with the team to USA.
◉ Loan next — Strasbourg, an option. pic.twitter.com/8CrGXDwlDG— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 16, 2023
Анџело Габриел е висок 173 сантиметри и е левак, поради што најчесто игра десно крило од каде може да се прилагоди на посилната нога и да влезе во средината. Во последната сезона од бразилската Серија А ја доби најсериозната сениорска минутажа досега.
На 27 настапи за Сантос, кој заврши на 12. место на табелата, постигна еден гол и постави седум. Трансфермаркт го цени на 13 милиони евра, а договорот му истече летото 2024 година, поради што Челзи го доби по намалена цена.