Фудбал
Челзи го продолжи договорот со Тиаго Силва
Челзи го продолжи договорот со бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва, соопштија од лондонскиот тим.
Новиот договор на 37-годишниот Бразилец е до крајот на сезоната 2022/2023.
Силва е во Челзи од минатата сезона. Бразилецот има 17 натпревари оваа сезона на кои има постигнато два гола.
Пред да дојде во Челзи, Силва играше за француски Пари Сен Жермен, Милан, Порто и бразилските Хувентуде и Флуминенсе. Тој е шампион на Италија, седумкратен шампион на Франција, освојувач на Лигата на шампионите минатата сезона и освојувач на Суперкупот на УЕФА.
Со репрезентацијата на Бразил, Силва има 7 гола на 102 натпревари. Тој е победник на Копа Америка 2019 и Купот на Конфедерации 2013 година, како и сребрен и бронзен медалист на Олимписките игри.
Pen to paper, and taking the pen! ? pic.twitter.com/LSwD3Z592G
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 3, 2022