Connect with us

Фудбал

Челзи подготвил 180 милиони евра, дали ќе можат да купуваат?

Челзи има забрана за трансфери една година, поради неправилно ангажирање на млади фудбалери. Еден преоден рок веќе помина, а дали ќе можат да купуваат во јануари ќе се знае следната недела, односно на 20 ноември, кога ќе биде познато дали завршува суспензијата.

Според англиските медиуми клубот од Лондон веќе подготвил 180 милиони евра за трансфери. Во моментов се на третото место на табелата, а тренерот Френк Лампард е свесен дека за нешто повеќе, потребни се засилувања.

Дали Челзи ќе учествува на фудбалскиот пазар во јануари ќе биде познато за неколку дена.