Ракомет
Червар: Македонија ќе биде многу мотивирана

Избраниците на селекторот Раул Гонзалез во првата фаза пд СП ќе се натпреваруваат и против селекцијата на Хрватска, која е предводена токму од поранешниот селектор на Македонија, Лино Червар. Во пресрет на стартот на овој Мундијал, легендарниот хрватски стратег смета дека групата ќе донесе многу изненадувања, а „црвено – жолтите же бидат многу мотивирани.
- Во нашата група е европскиот првак Шпанија, но никако не смее да ги потцените Бахраин и Јапонија. Особено Јапонците, кои несомнено поседуваат голем квалитет и можат да бидат „нагазна мина“. Македонија сигурно ќе биде многу мотивирана и ќе има далеку повеќе навивачи на трибините од нас. Но, сега во нашите мисли е само мечот со Исланд, бидејќи сите сакаме со триумф да го започнеме овој собир, изјави Червар.
Хрватска против Македонија ќе се сретне во рамките од третото коло, кое е закажано за 14 јануари.