Ракомет
Червар: Металург ми должи еден куп пари!
„Војната“ помеѓу Лино Червар и ракометарот Лука Циндриќ, двајцата екс членови на Металург, продолжува преку медиумите. Прв почна Циндриќ кој го обвини Червар дека за малку ќе му ја уништел кариерата и дека поради трансферот во Металург се влече по судови бидејќи не добил ниту еден дел од парите.
Червар одговори дека токму тој е заслужен за кариерата на Циндриќ, кој како што вели бил речиси анонимец пред тој да го донесе во Металург.
На него наводно му е уништена кариерата? Мене Металург се уште ништо не ми вратил, ми должи еден куп пари. Не знам дали на него му вратиле, ама знам дека на мене не ми вратија. Циндриќ ја покрена приказната, но не гледам зошто. Го сакам и не се каам поради ништо. Плукањето не е чесно и не сакам да бидам дел од тоа. Доколку на некој сум направил нешто поради што не се чувствува добро, многу се извинувам, изјави Червар за хрватските медиуми.