Ракомет
Червар: Одиме на тренинг, а околу нас се шест воени транспортери, како да одиме во војна
Хрватска е едно од селекциите кои се фаворити за освојување на СП во Египет, хрватите утре ќе го одиграат првиот меч против Јапонија (18 часот).
Лино Червар е поранешен тренер тренер на Металург и македонски селектор, а на овој Мундијал е еден од најискусните стратези, тој е изненаден од условите во Египет, пред се поради обезбедувањето кое е околу нив, со цел да им обезбеди избегнување контакт со локалното населениот поради страв од ширење на коронавирусот.
„Одиме на тренинг, а околу нас се шест воени транспортери, како да одиме во војна. Никогаш не сум бил на вакво натпреварување, како и било кој друг на СП, поради што важи правилот ‘снајди се, обиди се и реши’. Тешко е дури и да се опише со што сѐ се соочуваме. Добро е што ќе нема публика, па барем комуникацијата со играчите на теренот ќе ми биде полесна, а да не говорам за олеснувањето од евентуалната можност за зараза да игравме пред полни трибини“, изјави Червар.
Нашата репрезентација првиот меч го игра вечерва против Шведска (20.30 часот), а ова ќе биде добра прилика за одличен почеток, бидејки Шведска е без 9 важни ракометари.