Connect with us

Ракомет

Чешка се откажа поради Ковид 19, Македонија оди на Светско првенство во Египет?!

Селекцијата на Чешка поради голем број на заразени ракометари го откажа учеството на СП во ракомет кое од утре почнува во Египет. На нивно место ќе настапи селекцијата на Македонија која е прва „резерва“. Нема официјална потврда, но тоа така ќе се случи. Со оглед на тоа дека Чешка беше во група со Египет, Шведска и Чиле, сега нашата селекција ќе игра против овие репрезентации.