Connect with us

Другите пишуваат...

Четири часа борба и славење на Полска во една од најсложените олимписки дисциплини

Утрово Полска го прослави своето четврто злато на Олимписките игри во Токио во една од најсложените дисциплини.

Давид Томала славеше во брзо пешачење во трката на 50 километри.

Томала влезе во финишот за три часа, 50 минути и осум секунди.

Среброто со 36 секунди заостанување го освои натпреварувачот од Германија, Џонатан Хилберт, додека бронзата му припадна на Еван Данфи од Канада.

Со оглед на тешкотијата на дисциплината и фактот дека спортистите пешачат речиси четири часа, трката започна во 5:30 часот наутро по локално време и заврши околу 9:30 часот пред горештините.

Инаку, ова беше последна трка за 50 километри брзо пешачење на Олимписките игри, имајќи предвид дека од Париз, спортистите ќе се натпреваруваат во брзо одење 35 километри, со што би се намалил заморот, но и би се грижеле за здравјето на натпреварувачите.

На трката утрово се откажаа 12 натпреварувачи, а денеска и спортистите ќе се борат за медал во брзо одење, но на 20 километри.