Фудбал
Четири шешири со по осум репрезентации пред жрепката за Мундијалот 2018
По завршувањето ан последниот бараж за Светското фудбалско првенство во Русија познати се 32 учесника кои ќе бидат распоредени во четири шешири пред извлекувањето на групите.
Жрепката е закажана за 1 декември.
Во првиот шешир се сместени: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.
Втор шешир: Перу, Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.
Трет шешир: Иран, Сенегал, Египет, Тунис, Шведска, Костарика, Данска и Исланд.
Последниот шешир го сочинуваат: Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Мундијалот во Русија ќе се игра од 15 јуни до 14 јули 2018. Бранител на трофејот е Германија.