Ракомет
Чиле на СП, Македонија извиси
Македонската ракометна репрезентација и официјално нема да игра на Светско првенство. Селекцијата на Чиле ќе биде претставник на ракометната конфедерација на Јужна и Централна Америка, а тоа значи дека вајлд карта нема да има.
За место на СП од овој дел на светот требаше да се игра турнир помеѓу Уругвај, Чиле, Парагвај, Колумбија и Салвадор, но поради ситуацијата со коронавирусот тој беше откажан, а според рејтинг Чиле доби директен пласман.