Ракомет
„Чкембари“ најавија инвазија во Скопје и гостување во „Јане Сандански“
Вардар и Еурофарм Пелистер идната сабота го играа еден од најважните натпревари во сезоната и натпревар кој може многу да решава за титулата во домашното првенство.
Домаќин на првата овогодишна пресметка меѓу вечните ривали е шампионот. Од редовите на Вардар информираат дека влезот за дербито ќе биде слободен.
„За дербито во сабота меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН… Сите што имаат сезонски билети и што ќе купат билети за натпреварот со Веспрем ќе ги задржат сопствените места за седење во салата“, велат од Вардар.
На претходниот натпревар во Скопје оваа сезона во Вардар го победи битолскиот ривал со 29:25 додека во Битола мечот заврши со реми 27:27. На победа пелистерци се радуваа во Суперкупот.