Фудбал
Чкембари не го оставаат Пелистер сам во Скопје
Во 14 часот и 30 минути пред бутиките, ваков е договорот на Чкембари кои утре со еден автобус ќе тргнат за Скопје, каде Пелистер ќе гостува на Вардар. Овој натпревар се одигрува во рамките на првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а стартот е закажан за 18 часот.
За потсетување, Пелистер и Вардар по инцидентот во 2014 година на стадионот под Туме Кафе досега немаат одиграно натпревар со навивачи од двете екипи. На последното гостување на Вардар во Битола, стадионот под Туме Кафе немаше можност да ги прими навивачите, бидејќи стадионот има само една трибина.
Вечното дерби е закажано за 18 часот, на националтана Телеком арена.