Connect with us

Тајмаут

Човек со големо срце: Салах го одушеви светот откако најде крадец во неговата куќа

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах оваа сезона ја израдува фудбалската јавност со своите игри во дресот на Ливерпул, а многумина ги “купи” со неговата едноставност и скромност.

Салах во моментов одмара поради повреда на рамото, но Египет се надева дека нивниот најдобар играч ќе биде подготвен за Светското првенство. За многумина, овој Египќанец е пример, и во многу прилики Салах покажал дека тоа треба да биде така.

Имено, во англиските медиуми имаше интересни вести за тоа што се случило со Салах додека тој се уште играше во својата татковина. Кога напаѓачот на Ливерпул играше во Александрија, каде што живееше со своето семејство, беше мета на крадците, односно, една ноќ, неговата куќа беше ограбена.

Родителите на Салах успеале да го фатат крадецот и да му го предадат на полицијата, а потоа овој играч ги шокираше со својот потег. Кога слушнал што се случило, тој ги повикал неговите родители и полицијата да се откажат од обвиненијата и да го ослободат овој крадец.

Потоа Салах отишол во полиција каде што бил човекот што ја ограбил неговата куќа. Откако зборуваше неколку минути, Салах му даде неколку пари, а потоа му помогна да најде работа, да добива плата и да не мора повеќе да кради.