Connect with us

Фудбал

Човекот што ја „создаде“ Академија Пандев продолжува во Кувајт!

Југослав Тренчовски „летна“ за Кувајт, каде што ќе ја продолжи својата тренерска кариера.  Творецот на „академците“ од Струмица ќе работи како главен тренер на младинскиот тим на оваа екипа, а ќе биде и технички директор на сите возрасни категории почнувајќи од 15 години.

„Условите за работа тука се одлични, а тренираме само навечер под рефлектори поради високите денски температури Моја цел ќе биде да ја реализирам клупската стратегија за што поголем број фудбалери од младинскиот погон кои во иднина би биле дел од сениорската екипа, каде што во моментов има дури петмина младинци. Ал Араби, всушност, е Југославија во мало, со оглед што тренер на првиот тим е Хрватот Анте Мише, кој има тројца сонародници за помошници, а во младинскиот сектор, пак, работат тренери од БиХ и од Црна Гора. Ќе се обидам да помогнам во остварување добро пласмани во младинските категории, но главна цел ќе ни биде подигнување на физичките и тактички перформанси на талентираните деца“, изјави Тренчовски.

Тренчовски беше клучна фигура во развојот на ФК Академија Пандев. Беше координатор на младинските школи, а застана и како прв тренер под чија палка ,,пандевци“ ја освоија и првата титула пред две сезони во Купот на Македонија.