Connect with us

Фудбал

Чуден идеален тим на УЕФА без Роналдо, нема Италијанци и Белгијци

УЕФА го објави најдобриот тим во квалификациите за ЕП 2020. Но, она што е интересно, го нема Кристијано Роналдо, но нема ниту Италијанци, ниту Белгијци. Овие две селекции имаа фантастични квалификации рушејќи сопствени рекорди.

На пример, Белгија забележа 10 победи, од исто толку настапи. Постигна 40 голови, а прими само 3, нема нивен фудбалер во најдобриот тим кој го прогласи УЕФА.

Италија исто така имаше максимален учинок од 10 победи, со 37 постигнати голови и само четири примени. Нема ниту Италијанци во тимот на УЕФА.