Фудбал
Чудото „дете“ Халанд повторно стрелаше, ќе се најде ли клуб да плати 100 милиони евра?
Тинејџерот на Салцбург Ерлинг Браут Халанд постигна гол и на синоќешниот меч против Наполи, од пенал, дуел кој заврши без победник 1:1.
Ова беше негов седми гол на четири меча во ЛШ и се најде на првото место на листата на стрелците во досегашниот тек од најелитното натпреварување. Минатото коло се запиша во историјата како прв фудбалер кој постигнал шест голови во воведните три меча од групната фаза.
Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед се клубовите кои пројавија интерес за неговите услуги. Сепак, Салцбург вели дека нема да го продаде за помалку од 100 милиони. Ќе се најде ли клуб кој ќе ја плати оваа сума, или можеби австрискиот тим ќе се согласи и за помалку.
Досега реализира вкупно 23 голови во 15 меча во сите натпреварувања.