Connect with us

Ракомет

Чупиќ има само една желба во Скопје: Да се прости од Вардар пред полни трбини

Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ во интервју за „Спортске новости“ изјави дека наскоро и официјално ќе стане играч на Загреб. Како што вели тој, има само една желба во Скопје.

-Да ни се вратат навивачите и кога ќе дојде крајот да можам да им мавнам и заблагодарам за незаборавните пет сезони од својата кариера. Ми недостигна таа атмосфера од трибините која не носеше, како во клубот, така и во репрезетацијата. Навивачите на Вардар се мојата најомилена публика и навистина би бил тажен да не добијам уште една прилика да им се заблагодарам, изјави Чупиќ.